Избор на спортист на годината
09.03.2012 12:31
| KumanovoNews
Општинскиот сојуз на спортови утре организира избор на спортист за годината. Традиционалната манифестација на прогласување на најдобрите спортисти ќе се одржи во ресторанот Грација со почеток во 12 часот.

Награди и признанија за достигнувања во спортот ќе добијат поединци и екипи, јуниори и ветерани, како и претставници на училишните спортови.
Минатата година Куманово достигна големи успеси во спортот. Четири екипи се натпреваруваа во првата лига и освоија извонредни резултати. Ракометарките, ракометарите, одбојкатите, кошаркарите, атлетичатите, боксерите исто така постигнаа одлични резултати.