Јанески одпадна од репрезентативниот список
02.09.2015 14:41
| KumanovoNews
Крилниот центар на Куманово, Марјан Јанески е еден од двата кошаркари кои не успејаа да изборат место меѓу дванаесетте играчи кои ќе го бранат националниот дрес на Европското првенство.

Селекторот Србиновски покрај Јанески од тимот го изостави и Андреј Магдевски.
Владо Илиевски, Војдан и Дамјан Стојановски, Дарко Соколов, Александар Костовски, Марко Симоновски, Владимир Брчков, Стојан Ѓуровски, Љубомир Младеновски, Предраг Самарџиски, Ричард Хендрикс и Бојан Трајковски се кошаркарите кои ќе играат за Македонија на оваа првенство, а противници во групата им се Грција, Хрватска, Холандија, Грузија и Словенија.