500x100-1
21. 11. 2019 13:08

Кадетките на ЖРК Куманово со успешен старт на сезоната

Кадетките на ЖРК Куманово со успешен старт на сезоната

Младите ракометарки на Куманово, по три одиграни натпревари се наоѓаат на второто место на табелата во кадетската лига.

Во првото коло, помладите играа на гостински терен, против екипата на ЖРК Брегалница Плус Делчево, каде победија со разлика од десет гола, со резултат 33:23.

Додека пак, во второто коло, каде играа на домашен терен, против екипата на ЖРК Делчево Вардар, исто така победија со 10 гола разлика, но со резултат 36:26.

Одлучувачкиоит натпревар, во моментот за првото место на табелата беше против екипата на ЖРК Овче Поле, во рамките на третото коло, каде одиграа нерешено, со резултат од 19:19, со што кадетската екипата на ЖРК Куманово се најде на второто место на табелата, поради шест гола ралика од вкупните осбоени голови во текот на трите натпревари.

Со успешната игра и пласманот кадетската екипа ја продолжува успешната година на женскиот ракометен клуб во Куманово.

Претходната година, ракометарките од кадетскиот состав на ЖРК Куманово го освија Ф4 турнирот, на кој беа домаќини, откако во финалниот натпревар ја победија екипата на Вардар Јуниор со 28:19.

(Ф.М)