Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипата на Карпош Соколи, во сабота прв пат ќе гостува во Спортската сала во Куманово оваа сезона.
Во двата одиграни меча помеѓу овие два клуба, Куманово двапати беше гостин и речиси идентично загуби на двата меча, со осум односно седум поени разлика.
Куманово овој пат се наоѓа во една незавидна ситуација и има тешка задача за пласман во завршницата од Купот. Тие ќе стартуваат со седум поени негатива, а од вчера Игор Михајловски не е тренер на екипата. Ќе видиме дали Страшо Тодоровиќ ќе успее во овој минимален период да ја среди состојбата во клубот на ниво кое е потребно за да се пласира во завршницата од Купот.
Предност за Куманово би можело да биде домашниот терен и жешката атмосфера на трибините која Соколи ја немаат на нивните домашни натпревари.
Според големите кошаркарски стручњаци, промена на тренерот може додатно да ги мотивира играчите да докажат дека тие не се виновниците за слабите игри на екипата, што може да биде плус доколку не изгорат во таа желба за докажување.
Во сабота во Спортската сала од 19 часот не очекува интересен меч во кој ќе го видиме конечниот исход на случувањата во теренот и надвор од него.