Кик-боксерите задоволни од настапот во Велес
28.10.2015 11:21
| KumanovoNews
Изминатиот викенд во Велес се одржа ММА турнир во затворен кафез под наслов Fight Night Champions, во организација на Македонската и Хрватската ММА Федерација.
На овој турнир учество зеде и Милош Велевски од ММА Кик-бокс клуб Куманово 2006. Тој се бореше во категорија до 70 килограми, и загуби од Марјан Мишков, член на клубот Будо Велес.
Во една тешка и неизвесна борба, Велевски загуби на поени, но ја освои публиката со неговата храбра борба. Јас како тренер на клубот сум задоволен од постигнатото и очекувам успех и во иднина - изјави Сашо Илиевски, тренер во клубот.
На турнирот имаше вкупно 18 борби, а имаше натпреварувачи од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.

