Бронзена плакета Камера 300 за филмот „Кумство, вера и духовна визија“ на Надица Петковиќ
Документарниот филм „Кумство, вера и духовна визија – Во срцето на народот“ на Надица Петковиќ, советник етнолог во Музеј Куманово, освои бронзена плакета на меѓународниот фестивал за краткометражни филмови „Камера 300“, кој викендов се одржа во Битола.
Филмот ја обработува духовната култура на народот во кумановско, поточно се работи за кумство во црква и народните обичаи кои се поврзани со самиот ритуал.
На фестивалот учествувале 94 филмови од целиот свет, а биле наградени само 14. Филмот „Кумство, вера и духовна визија – Во срцето на народот“ на Петковиќ се најде меѓу најдобрите.
„Тоа ја прави ова награда уште позначајна. Овој успех претставува признание за посветеноста во истражувањето, документирањето и афирмирањето на традицијата, духовното наследство и културните вредности, во работата на авторката“, стои во соопштението.

На Надица Петковиќ ова и е петта по ред награда за етнолошки филмови на фестивали.