Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово по одличната игра прикажана против Сутјеска, утре во Спортската сала го пречекуваат тимот на Гоце Делчев од Штип.
Тимот на Гоце Делчев минатата сезона се натпреваруваше во Втора лига, и одкако заврши како вторпласиран обезбеди место меѓу најквалитетните екипи во земјава. Воглавно тимот е истиот од минатата сезона, освен Бранислав Радак кој е засилување на центарската позција.
Победата на утрешниот натпревар не би требало да биде доведена во прашање. Куманово има поквалитетен состав, а за тоа говори и првиот пријателски натпревар меѓу овие два тима во подготовките каде што кумановчани беа убедливи со резултат 55:78. Многу веројатно е дека утре можеме да очекуваме поголема ротација во тимот, па и настап на играчите родени од Куманово.
Натпреварот се игра во 19 часот во Спортската сала во Куманово.