×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • КК Куманово: Ќе играме поради кумановскта публиката

    17.04.2015 09:31 | KumanovoNews

    Управниот одбор на кошаркарскиот клуб Куманово донесе одлука да ја продолжи сезоната единствено поради кумановската публика, иако со тоа ја прифаќа неправдата која му се нанесува на клубот.

    КК Куманово: Ќе играме поради кумановскта публиката

    На вчерашниот состанок на Здружението на првиолигаши било договорено да се продолжи со третото коло овој викенд, а лигата да ја завршат сите клубови кои учествуваат во неа.

    По оваа прашање сите клубови се изјасниле позитивно освен КК Куманово кое своето мислење го даде денеска.

    И покрај потврдата од Арбитражната комисија дека сме целосно во право по сите жалби кои ги поднесовме, КК Куманово реши да ја продолжи сезоната исклучиво поради домашната публика - изјави Бане Јовановски, претседател на КК Куманово.

    Тој додава дека доколку одлуката би била спортивна, лигата би продолжила со пет екипи, а градот би останал без кошарка.

    Вчера екипите на состанокот прифатија да играат пет екипи доколку ние несакаме да го продолжиме првенството. Со оваа одлука ние ќе треба да ги преиграме натпреварите против Кожув и спорниот натпревар против Карпош Соколи, иако Арбитражната комисија потврди дека неосновано е одложен. Очекуваме полна сала против МЗТ Скопје во недела, а за одложените натпревари ќе се најдат додатни термини за одигрување. - заклучи Јовановски.