Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово денеска ќе го играат првиот интернационален натпревар, против екипата на Пеќ.
Ова е прв натпревар на Куманово во рамките на БИБЛ лигата, а втор официјален натпревар, одкако во недела Куманово извојуваше победа против Струмица.
Според челниците на клубот и шефот на стручниот штаб, Куманово оваа сезона нема да има посебни амбиции кога е во прашање БИБЛ лигата, па овие натпревари ќе ги искористи за воигрување на тимот и подобра припрема кога е во прашање домашното првенство. Сепак, тоа не значи дека денеска не треба да очекуваме борба и успешен настап на нашиот тим.
Натпреварот започнува во 19 часот, а статистика од натпреварот можете да ја следите на овој линк.