Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово денеска во Спортската сала го играат последниот меч во рамките на Супер лигата против екипата на Работнички од Скопје. Натпреварот започнува во 19:00.
Лошото издание на гостински терен во првиот дел од сезоната, денеска го одалечи Куманово од пласман за Плеј-оф, а доколку некои евтини порази на гостувањата беа претворени во победи сигурно ќе не очекуваше неизвесна разврска до последното коло. Вака Куманово и дефинитивно ги загуби шансите за Плеј-оф, па последните две кола се играат за пласман на петтата позиција и веројатно подготвување на екипата за Куп натпреварувањето.
Куманово во првиот натпревар против Работнички во Супер-лига беше поуспешен со резултат 92-98. Денеска и Немања Јелисијевиќ повторно ќе заигра во Куманово одкако на полусезона направи трансфер во Работнички.