Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во четвртфиналната фаза од Купот на Македонија во првиот натпревар од двата меча, екипата на Куманово ќе гостува на тимот на Карпош Соколи.
Тимот на Куманово веќе забележа една победа во новата година против тимот на Сутјеска, во рамките на БИБЛ лигата. Сепак екипата на Карпош Соколи во себе има поголем квалитет, посебно ако се знае дека тимот се засили со Крис Ворен и Дариус Рајс, кои дефинитивно важат за едни од поквалитетните засилувања на домашното првенство. Куманово пред крајот на паузата имаше еден вид реконструкција на играчкиот состав, кој ќе треба да покаже дека носи дополнителен квалитет во однос на првиот дел од сезоната.
Забележителен факт е тоа дека Куманово секогаш имал одличен настап кога се во прашање натпреварите од Купот на Македонија. Минатата сезона го исфрлија Работнички во четвртфиналната фаза, но загубија од Лирија во полуфиналето. Пред две сезони, Куманово играше финале против тимот на МЗТ Скопје каде што загуби со резултат 79-71.
Куманово и Карпош Соколи одиграа еден натпревар оваа сезона каде што Соколи беа поумешни во завршницата од мечот и славеа со резултат 69-61.
Седум дена подоцна, овие два тима ќе одиграат реванш натпревар во Спортксата сала во Куманово.
Натпреварот ќе се одигра во сабота, со почеток во 19 часот, а љубителите на кошаркарта ќе можат да го проследат преку стрим.