Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На натпреварот, првите три четвртина завршија со нерешен резултат, иако водството ги менуваше страните се до последниот период, кога Куманово успеа да одигра подобра одбрана од ФМП Академија и да победи со 72:66.
По првата четвртина, бројките на семафорот беа идентични, а тимовите имаа по 22 поени. КК Куманово оствари и +7 предност на средината од вториот период, при резултат 33:26, но гостите од Скопје успешно се вратија во краток временски период и на полувреме екипите заминаа со 35:35.
Во второто полувреме, на двапати ФМП Академија имаше +4, но овој пат Куманово беше тој што успешно бркаше негатива, па во последните 10 минути влеговме со резултат 54:54. Сепак, отпорот беше совладан во последните 2 минути кога составот на Ѓорѓиевски првин имаше +5, а потоа и +8.
Ова обезбеди шеста победа по десет одиграни рунди и моментално позиција број 6 која води во Суперлигата.
Најкорисен во тимот на КК Куманово, со индекс 31 беше Бранислав Џекиќ. Србинот постигна 24 поени, а имаше и 7 скокови, 1 асистенција и 6 блокади. По него, следуваа Робев со 18 и Ливингстон со 16 поени.
(Д.Д.)