Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тимот на КК Куманово интензивно се подготвува за почетокот на новата сезона.
„Почетокот на подготовките помина во најдобар ред, а во екипата нема повредени играчи. Првиот тренинг беше одржан со сите присутни кошаркари, освен Хулио Гуити кој пристигна вчера и Џош Селби кој треба денеска да дојде во градот,“ изјави спортскиот директор, Дарко Петковски.
Зависно од покажаните резултати на пријателските натпревари и подготвителните тренинзи, останува тренерот да донесе одлука за тоа кои играчи ќе бидат вклучени во првиот тим.
Од управата на клубот најавија прес конференција за новите засилувања, новата опрема и новите спонзори за сезона 2020/21, а ждребот за натпреварите од првата лига се очекува да биде во првата недела од септември.
(Д.Д.)