Мени

Без струја денеска и утре дел од Куманово и околните села

24.09.2026 07:17 | KumanovoNews

Повеќе населени места и улици во Куманово и околните села денеска и утре ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во дистрибутивната мрежа.

Без струја денеска и утре дел од Куманово и околните села

Денеска, во периодот од 7 до 15 часот, без струја ќе бидат корисниците на улиците „Трајко Јовановски“ и „11-ти Ноември“ во Бедиње.

Во Доброшане, од 8:30 до 14 часот, прекин ќе има во дел од објектите кај Кланицата.

Од 8:30 до 15 часот, без електрична енергија ќе бидат селата Војник, Клечевце, Зубовце, Новосељане, Косматац, Мургаш, Кутлибег, Пезово, Кокошиње, Кшање, Скачковце, Колитско, Габреш, Кучкарево, Орман, Градиште и Стрезовце.

Во периодот од 10:30 до 12 часот, прекин е најавен и за Бејтеви Ниви, населбата Иго Тричковиќ (Пуковско), Тромеѓа, Младо Нагоричане, Багремов Цвет и Мајорово Трло.

Утре, 25 септември, повторно без струја од 7 до 15 часот ќе бидат улиците „Трајко Јовановски“, „11-ти Ноември“ и „Индустриска“ во Бедиње.

Во периодот од 9 до 15 часот, прекин на електричната енергија е планиран и во населбата Ајдучка Чешма, на улиците „524“, „525“, „526“ и дел од улицата „300“, од Бара до Магистрала.

Прекините се планирани поради интервенции и работи на електродистрибутивната мрежа.