Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановските кошаркари, успеаја да постигнат втора победа во Првата машка лига со резултат 93:80, откако го поразија составот на Академија ФМП на гостински терен.
Иако нашите кошаркари на почетокот беа во водство, сепак крајот на првото полувреме заврши во корист на екипата на Академија ФМП со резултат од 42:39, за потоа организираната игра да ги доведе нашите кошаркари до победа, а со тоа и се` уште да ги остави први на табелата со две победи.
Најефикасни во текот на натпреварот беа: Миладиновиќ со 22 коша, Јаневски со 21 и Филип Стојановски со 13 поени.
Следниот натпревар КК Куманово ќе го игра против екипата на Работнички.