Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово по минатонеделната пауза од регионалното натпреварување, оваа недела ја пречекуваат екипата на Сутјеска од Никшиќ, Црна Гора.
Куманово во првиот натпревар од БИБЛ забележа пораз од Пеќ во последните секунди по продолженија, а по неубедливата партија против Карпош Соколи, тимот ќе се обиде денеска да се врати на победничките патеки.
Тимот на Сутјеска е млад, со просек од 21 година, и доколку е некој показател, во минатото коло успејале да го совладаат тимот на Пеќ.
Вечерва во Спортксата сала во Куманово за тимот од Никшиќ ќе настапи Немања Врањеш, минатогодишниот кошаркар на Куманово.
Натпреварот започнува во 19 часот.