Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово утре во 19 часот ја пречекуваат екипата на Фени Индустри.
По разочарувачките резултати во досегашниот дел од сезоната на двата фронта, управаата на КК Куманово донесе одлука да го смени Љубисав Луковиќ од тренерското столче, и на тоа место да седне Страшо Тодоровиќ. Дефинитивно е дека ситуацијата во клубот е потешка во однос на минатата сеозна кога го презема клубот, но по испаѓањето од Еврокупот Куманово може да се фокусира исклучиво на домашните натпреварувања.
Вукашин Мандиќ по две ипол сезони не е веќе кошаркар на Куманово. Неофицијално тој се поврзува со Фени Индустри или Кожув, а желба на Куманово е Ѓорѓи Чековски кој би требало да ја пополни испразнетата позиција.
Екипите на Фени и Куманово ќе го одиграат вториот наптревар во рамките на Прва лига. Тимот од Кавадарци во првото коло беше поуспешен со резултат 96-81.
Фени Индустри со четири победи и три пораза ја дели третата позиција на табелата заедно со Кожув. Куманово со три победи и четири порази го дели петтото место и шестото место заедно со Работнички.
Натпреварот се игра во Спортската сала во Куманово со почеток во 19 часот.