Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во последниот натпревар од првиот дел од сезоната, екипата на Куманово беше поразена од тимот на Работнички со резултат 97-81. Одкако се сретнаа со сите екипи во првенството, возвратните натпревари започнуваат овој викенд по што ќе следи едномесечна зимска пауза.
Фото: https://www.facebook.com/kumanovokk
Куманово одигра едно добро полувреме во кое имаше и предност во првата четвртина. По полувремето, кумановчани ја загубија третата четвртина со 31-13 по што беше јасно кој ќе ги освои бодовите на овој натпревар.
Декуан Џејлин Абром постигна 19 поени за Куманово, додека втор најдобар стрелец беше Фреди Максвеин со 14 победи. Кај победникот Недим Мустафица постигна 24 поени а Џексон пол 23 поени.
Ова е дефинитивно една од најлошите полусезони на КК Куманово од влегувањето во прва лига 2010 година, и ќе треба вистинска серија на добри резултати да се случат доколку тимот сака пролетниот дел од сезоната да го помине со најдобрите шест екипи во првенството.
Пелистер е на врвот на табелата како единствена непоразена екипа со 10 победи во толку одиграни натпревари. Во заостанатиот натпревар од последното коло кој ќе се игра за три дена ќе се сретнат со ТФТ Скопје. МЗТ Скопје има 8 победи и 2 порази и поради АБА2 обврските исто така за 3 дена ќе играат против Навико Академија ФМП која има 7 победи и 3 порази и со победа би можела со противникот да го дели и второто место на табелата.
Работнички е четврти со 7 победи и 3 порази.
Еуро Никел, Гостивар и дебитантот Феникс 2010 го делат петтото место со 6 победи и 5 порази. Со победа против Пелистер, ТФТ може да се приклучи на овој триаголник, а доколку загуби го дели осмото место со Кожув и скор 5 победи и 6 порази.
На десеттата позиција на табелата е Куманово со 3 победи и 7 порази, вториот тим на МЗТ Скопје има 1 победа и 10 порази, и дебитантот Ангели имаат 11 порази во исто толку натпревари.
Следниот натпревар, Куманово го игра против Ангели на гостински терен.