КК Куманово со убедлива победа против екипата од Скопје
25.11.2019 12:39
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово, на домашен терен против екипата на МЗТ Скопје Уни Банка, славеа убедлива и лесна победа, со резултат 95-65.

На натпреварот за победата особен придонес имаа: Атанасов со 21 и Тодоровиќ со 16 кошеви.
Останати постигнати поени на Куманово: Младеновски 11, Јаневски 13, Стојановски 6, Петковски 7, Марковски 14, Шопов 3, Ѓорѓевски 4.