КК Куманово утре гостува во Тиват
11.11.2014 13:03
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово, после одличните игри прикажани против Фени Индустри, утре играат натпревар во рамките на БИБЛ лигата.
Утрешниот противник е тимот на Теодо Тиват, екипа со која Куманово редовно се среќава во рамките на регионалната лига.
Тимот од Црна Гора е најслаб во нашата група, и до сега има забележано два пораза во исто толку натпревари. Тренерот Драган Радовиќ за сајтот на БИБЛ истакнува дека ова е прв меч на Теодо пред домашна публика и очекува победа и добар настап на неговите кошаркари. Во пресрет на овој натпревар, Теодо доби и засилување во бекот Арон Мичел, кој игра на бековските позиции.
Натпреварот ќе се игра во среда со почеток во 18 часот.

