КК Куманово загуби на пријателски натпревар во Ниш
26.09.2014 09:26
| KumanovoNews
Кошаркарскиот клуб Куманово, по освоеното трето место на домашниот турнир, подготовките ги продолжија во соседна Србија.

Вчера во салата Чаир во Ниш, тие одиграа пријателски наптревар против тимот на КК Константин, од кој загубија со резултат 74-65.
Најефикасни поединци во нашиот тим биле Штерјов со 18 поени, Костовски со 13 поени и Мандиќ со 11 поени.
Куманово, овој натпревар го одигра без Тајлер Хајнс.