КК Куманово започнува со тренинзи
01.09.2014 11:22
| KumanovoNews
Кошаркарскиот клуб Куманово денеска во Спортската сала ќе го одржи првиот тренинг и ќе ги претстави актуелните засилувања на тимот.

Куманово оваа сезона имаше мала трансформација на организационо поле. Оваа година клубот ќе биде под водство на прославениот домашен кошаркар Игор Михајловски, а тимот го засилија Џанер Осман, Радоје Вујошевиќ, Брајан Оливер, Тајлер Хајнс, Александар Штерјов, а последно во низата засилувања беше Александар Костовски.
Покрај домашното првенство и Купот, Куманово и оваа сезона ќе биде дел од балкнаската БИБЛ лига.
Првиот официјален тренинг ќе започне во 20 часот.