Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на КК Михајловски денеска во Спортската сала ја пречекуваат екипата на Вардар Апаве.
„Михајловски“ во овој натпревар влегуваат со една победа и еден пораз. Распоредот е таков да тие веќе во трите кола од првенството ќе играат со три поранешни првиолигаши.
Тимот на Пелистер и Вардар минатата сезона играа во Прва лига, и експресно сакаат да се вратат во најквалитетното кошаркарско друштво. Т-баскет е овогодинешниот несуден првилигаш, одкако не прифати натпреварите да ги игра во друга сала освен во Тетово, беше префрлен во Втора лига.
Нашиот второлигаш на натпреварот со Пелистер покажа дека може да се носи и со сите клубови во првенството.
Натпреварот започнува во 16:30, во Спортксата сала во Куманово.