КК Михајловски убедлив против Вардар Апаве
09.11.2014 12:21
| KumanovoNews
Кошаркарите на КК Михајловски извојуваа убедлива победа против тимот на Вардар Апаве. Натпреварот заврши со резултат 82-67.

Изабранците на Дејановиќ покажаа дека имаат квалитет за натпревари од највисок ранг. Ова е втора победа од три натпревари против поранешна прволигашка екипа.
Следниот натпревар, „Михајловски“ го играат против екипата на Бест на гостински терен.
Со натпреварот Дино Баскет - Црн Дрим ќе се комплетира третото коло, а вчера во рамките од Втората лига беа постигнати следните резултати.
- Михајловски - Вардар Апаве - 82-67
- Радовиш - Т-баскет 71-84
- Борец Баскет - Пелистер 77-64
- Шкупи - Тетекс ТТК 90-78