Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб Михајловски после успешниот настап минатата сезона во Трета лига, оваа година ќе настапува во второто по квалитет, кошаркарско првенство во Македонија.
Новата сезона „Михајловски“ ќе ја започнат на домашен тернен против тимот на Пелистер. Натпреварот ќе се игра во сабота во Спортската сала, со почеток во 17:30.
Оваа година Втора лига ќе биде посилна во однос на предходните сезони. Македонската федерација се обидува да направи реорганизација, да најде генерален спонзор и да го дигне квалитетот на лигата - изјави Саша Дејановиќ, тренер на КК Михајловски.
Како и минатата сезона, тимот е составен од играчи родени 1995/1996 година, а оваа година е надополнет со 3 кошаркари кои настапуваа минатата година за КСК Куманово. Според тренерот Дејановиќ, тимот успешно ги завршил подготовките и е спремен за новата сезона.
Амбициите на клубот ќе бидат опстанок во Втора лига. Правилото со шест странци ќе направи многу домашни квалитетни играчи да го загубат своето место во тимовите и тие да играат во Втора лига. Фактот дека и во овој ранг на натпреварување има правило да можат да играат два странски играчи, ќе ги направи составите поквалитетни - додаде Дејановиќ.
Дејановиќ прецизираше дека во неговата екипа се наоѓа иднината на кумановската кошарка.
Ги повикувам сите љубители на кошарката да дојдат и да дадат подршка на оваа млада екипа, која претставува иднината на кумановската кошарка - заклучи Дејановиќ.