Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб Пинк Пантери минатиот викенд беа гости на белградски Партизан, каде што одиграа пријателски натпревари против нивните младински екипи.
Пинк пантери настапија во Белград со 5 екипи на младински кошаркари и кошаркарки родени од 2011 до 2014 година. Натпреварите се играа во тренинг центарот на Партизан што е составен дел од белградската штарк Арена.
„Добивме официјална покана од белградскиот гигант да бидеме нивни гости, што е единствена прилика во овој регион. Нашите млади кошаркари и кошаркарки добија оргомно искуство и со тоа продолжуваме со трендот да преку квалитетни гостувања максимално да напредуваме. Покрај одиграните натпревари, имавме прилика да го проследиме дербито во АБА лигата помѓу Партизан и Цедевита Олимпија“, - изјави Бојан Златковски, директор на клубот.
Тој додаде дека ќе продолжи одличната соработка со екипата на Партизан, кој предходно два пати бил гостин во Куманово на турнирот „Растеме заедно“. До крајот на сезоната, тимот најавува нови гостувања и меѓународни натпревари.