×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кој ќе биде првиот по Вимблдон

    21.06.2012 07:17 | KumanovoNews

    На 25 јуни започнува третиот Гренд слем турнир сезонава и на големо се прават калкулации кој ќе биде прв тенисер на светот по "неофицијалното светско првенство" во тенис.

    Кој ќе биде првиот по Вимблдон

    Во игра се тројца тенисери , Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер, а најголеми шанси да остане на врвот има Ѓоковиќ.

    На минатогодишниот Вимблдон Новак како шампион освои 2.000 бодови, Надал за пласманот во финалето доби 1.200, а Федерер бидејќи отпадна уште во четвртфиналето од Цонга освои само 360 бодови.

    Кои се можните исходи по Вимблдон?

    Ѓоковиќ сигурно ќе остане на првото место доколку стигне до финалето на турнирот. На Новак му е доволно и полуфинале за да остане прв, но под услов Федерер да не ја освои титулата во Лондон.

     Федерер и Надал мораат да го освојат Вимблдон за да имаат било каква шанса да го престигнат Ѓоковиќ.

    Федерер ќе биде прв ако го освои Вимблдон, а Ѓоковиќ не стигне до финалето.

    Надал ќе биде прв ако го освои Вимблдон, а Ѓоковиќ успее да стигне најмногу до четвртфинале.

    Жребот за Вимблдон ќе се одржи во петок, а натпреварите започнуваат во понеделник.