Кошаркарите ќе го пречекаат составот на Гостивар без публика
        06.03.2020 10:05
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Кошаркарите на Куманово, во рамки на 16 коло од домашниот шампионат, утре на свој терен во Спортската сала „Перо Наков“ во Куманово, ќе играат против екипата на Гостивар.
Овој натпревар ќе се одигра во 18 часот, а по препорака на Владата за превенција од корона вирус, без публика.
Засега Куманово се наоќа на 6 место на табелата со 26 бода и обезбеден пласман во Супер лигата.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



