×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кошаркарите до 14 години последни на турнир во Словенија

    22.08.2012 10:28 | KumanovoNews

    Шест порази во исто толку одиграни натпревари и убедливо пласман на последното место на табелата е учинокот на кошаркарската репрезентација на Македонија за играчи до 14 години на неодамна завршениот „Словенија опен“ турнир што се одигра во словенечкиот град Градец.

    Кошаркарите до 14 години последни на турнир во Словенија

    Избраниците на селекторот Саша Димитријевиќ загубија од Словенија сини  (65-73), Шпанија (59-82), Хрватска (50-58), Словенија зелени (60-74), Русија (69-72) и Унгарија (58-66).Според информациите од Градец, иако ги загубија сите натпревари, македонските кошаркари одиграле релативно солидно и речиси на секој меч со исклучок на тој против фаворитот Шпанија речиси до самиот крај биле во игра за победа.

    Новиот член на шпански Хувентуд, Ненад Димитријевиќ со просек од 16,3 поени бил најдобар стрелец во жолто-црвениот состав, Петар Огњеновиќ со 8,2 скока бил најдобар во играта под обрачите додека Бојан Георгиевски бил прв асистент со 2,3 успешни додавања на секој натпревар.

    Останува само прашањето дали настапот на „Словенија опен“ ќе беше подобар ако во составот на селекторот Димитријевиќ се најдеше место за ултраталентираниот Мики Димитриевски, кој минатата сезона имаше неверојатен просек од 46,1 поен и за чии услуги уште од сега се заинтересирани повеќе европски екипи.