Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово издвојуваа убедлива победа против екипата на АБА Струмица со резултат 129:64. Екипата на АБА Струмица го распуштила првиот состав, па во Куманово денеска играше младинската екипа на АБА од генерација 94/95.
Куманово имаше водство во текот на целиот натпревар, а најефикасен беше Урош Луковиќ со 24 поени и Дејан Микиќ со 22 постигнати поени.
АБА Струмица играше храбро во текот на целиот натпревар и не се предаде на противникот. Иљасев и Соколов постигнаа 16 поени.
Со оваа победа Куманово направи голем чекор за пласман во Супер лигата. Следниот натпревар Куманово го игра против Вардар на гости во среда.