Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово запишаа важна победа против тимот на Струмица со резултат 89 - 82.
Фото: Screenshot - Youtube
Иако според некои најави беше неизвесно дали тимот воопшто ќе настапи на натпреварот од 21. коло, поради неисплатените средства и немањето услови за основно функционирање, сепак играчите решија да играат и да извојуваат важна победа пред плеј-аутот во кој ќе се борат за опстанок. Ненад Зивчевиќ настапи повреден и постигна 29 поени, додека Андија Марјановиќ го заврши натпреварот со 24 поена.
Сигурни патници во плеј-аут се тимовите на Струмица како последно-пласирана, Куманово, ФМП и Чаир. Куманово во вториот дел од пренството ќе пренесе само 2 победи.
Незавидна е ситуацијата на клубот бидејќи освен со Струмица, со сите останати екипи има негативна кош разлика, што при идентичен скор би го чинело место подоле.
Ова е дефинитивно најголемиот предизвик на КК Куманово 2009 во неговото 14. годишно постоење. Деновите кога клубот беше сигурен учесник во Супер-лигата и финалист во неколку наврати се минато, а сега е на предпоследната позиција која води директно во Втора лига.
Таму Куманово веќе има претставник, а реално во градот нема играчки капацитет за два клуба од кои едниот би бил претендент да се врати во најквалитетното кошаркарско друштво.
Неофицијално, клубот наскоро треба да го реализира ваучерот со кој би ги решил финансиските проблеми, потоа им останува борбата на теренот во која ќе мораат да врзат низа победи со кои би испливале во сигурната зона и би се спасиле од испаѓање.