Кошаркарите се реваншираа на Лирија, ракометарите и ракометарките поразени
05.03.2012 12:37
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово се реваншираа за поразот кој го претрпеа во Сарај, победувајки ја екипата на Лирија со резултат 85:70.

Најефикасен на натпреварот беше Александар Костовски со 20 поени, 7 скока и 3 асистенции.
Машката и женската екипа на ракометниот клуб Куманово забележаа пораз на гостувањата овој викенд. Ракометарите загубија од Пелистер со резултат 26:20, а женската ракометна екипа загуби од Вардар со резултат 28:25.