Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово го декласираа тимот на Работнички во Спортската сала во Куманово победувајки со резултат 97:75.
Натпреварот започна со серија од 7:0 во која беше дадено до знаење дека големиот ривал ќе помине тешко на гостувањето. Кумановчани беа расположени во текот на целиот меч и само ја одржуваа разликата која ја стекна во почетокот на мечот. Екипата на Работнички се распрадна со текот на мечот, настапи нервоза која резултираше со 2 технички грешки. Немања Јелисијевиќ сакаше да покаже дека е „над“ играчите од својот поранешен состав, меѓутоа во тоа го демантираше одбраната на Куманово ограничувајки го на 13 поени, и Урош Луковиќ кој успеја два пати да го блокира неговиот шут.
Најефикасни поединци во Куманово беа Милан Јањушевиќ со 21 поен и Александар Костовски со 20 поени. Во составот на Работнички најефикасен беше Енес Хаџибулиќ постигнувајки 23 поени.
Следниот натпревар Куманово го игра против Торус на гостински терен, а навивачите на Куманово на крајот од мечот порачаа дека сакаат да го видат тофејот од Купот во Спортската сала скандирајки „Сакаме Куп“!.