×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кошаркарите убедливо совладани од Порторико

    28.06.2012 08:40 | KumanovoNews

    Македонската кошаркарска репрезентација синоќа убедливо загуби со 96-77 во првиот од двата пријателски мечеви против Порторико.

    Кошаркарите убедливо совладани од Порторико

    Дуелот во „Колосео“ арената во Сан Хуан стартуваше изедначено, но во поголемиот дел избраниците на Марјан Лазовски беа во негатива. Домаќинот успеа да го казни слабиот процент на реализација на „црвено-жолтите“, па победата ја најави уште на полувремето, на кое заминаа со 20 поени разлика (51-31).

    Во вториот дел македонските кошаркари имаа обиди да го намалат водството и да внесат неизвесност, но тие за жал беа без успех, единствено успевајќи во еден период да го намалат дефицитот на 11 поени (60-49).

    Перо Антиќ со 19 поени и 8 скокови е најефикасниот во нашиот состав, додека Лестер Бо Мекејлеб, кој го одигра првиот меч во подготвителната серија, додаде уште 13 поени, 5 асистенции, 4 скокови и 2 украдени топки. Во листата на стрелци се запишаа и Владо Илиевски (12 поени, 4/6 за тројка), Тодор Гечевски (12 поени, 4 скокови), Војдан Стојановски (10 поени, 3 скокови, 3 асистенции), Предраг Самарџиски (9 поени, 5 скокови) и Дамјан Стојановски (2 поени, 5 скокови).

    Ноќта меѓу петок и сабота во 02.30 чaсот во истата арена е закажан вториот пријателски дуел меѓу Македонија и Порторико, кој за „црвено-жолтите“ ќе биде последна контрола пред настапот на квалификацискиот турнир во Каракас за пласман на Олимписките игри во Лондон.