×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кошаркарски викенд во Куманово - двата претставника играат на домашен терен

    09.12.2022 11:36 | KumanovoNews

    Кошаркарските претставници на Куманово во сениорска конкуренција оваа коло ги пречекуваат екипите на Академија ФМП во првата, и Охрид во втората лига. 

    Кошаркарски викенд во Куманово - двата претставника играат на домашен терен Фото: www.balkanleague.net

    Прволигашот и оваа сезона се соочува со кадровски проблеми, а финансиската состојба наводно сеуште влијаат врз клубот. Одкако се појавија шпекулации дека Колин Смит и Јан Ризман се на излезни врати, одредени портали пренесоа дека плејмејкерот на Чаир Дарил Стротер е нов играч на клубот. 

    Во оваа дерби на дното на табелата, двата тима имаат 2 победи и 6 порази а победникот ќе биде поблиску до средината на табелта која би обезбедила опстанок во најквалитетното кошаркарско првенство. Тимот на ФМП пред една недела промовираше 3 нови засилувања. Виктор Златевски доаѓа од Работнички, а нови странски засилувања се Мек Смит на бековската позиција и Десмонд Рингер како центар.

    Натпреварот се игра во сабота со почеток во 19 часот, во салата на Економското училиште. 

    Љубителите на кошарката утредента ќе можат да го проследнат натпреварот од втората кошаркарска лига помеѓу МКК Куманово и Охрид. Охриѓани се наоѓаат на третата позиција на табелата со 5 победи и 3 порази, додека МКК Куманово досега има 4 победи и 4 порази. 

    Овој натпревар се игра во истата сала во недела, со почеток во 14 часот.