Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово забележаа нова значајна победа против тимот на Фени Индустри, со резултат 97-90.
Во одличната атмосфера во Спортската сала, кумановчани имаа прилика да видат одличен натпревар со голем број на поени. После кризата пред крајот на првиот и почетокот на вториот период, Куманово се издигна и полека но сигурно го зголемуваше водството во однос на противникот, кое достигна и максимални 14 поени разлика.
Малку недостасуваше победата да биде прокоцкана во последен момент, одкако Фени успеја да го смали резултатот на еден позитива. Сепак Куманово го покажа својот квалитет, и со серија ги реши дилемите околу победникот.
Најефикасни на наптреварот беа Александар Костовски со 28 поени, и Вукашин Мандиќ со 23 поени и 6 асистенции. Мандиќ веројано е МВП на неделата, одкако забележа неверојатни 44 индексни поени, па тешко кој може да забележи подобар учинок оваа коло.
Кај гостите Мичел Амонс постигна 26 поени.
Куманово оваа недела ќе биде на врвот на табелата со 4 победи и еден пораз. Сличен скор има тимот на Карпош Соколи кој ќе е слободен оваа коло.
Следниот натпревар Куманово го игра против тимот на Теодо, на гостински терен.