Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поразот на кошаркарите на Вардар на гостувањето во Гевгелија му донесе на Куманово пласман во Супер-лигата. Сега на табелата Куманово е недостижно за екипата на Вардар, со која следното коло ќе играт во директен дуел.
Многу порастеретено може да влезат кошаркарите на Куманово во последниот натпревар против Вардар, кој неможе многу да смени на конечната табела. Ова е добар развој на настаните за кумановчани, кои времето и натпреварот можат да го искористат за вклопување на новиот центар Луковиќ.
МЗТ Скопје, Фени Индустри, Торус СЦБТ, Лирија, Работнички и Куманово го сочинуваат најелитното македонско кошаркарско друштво, и тоа се екипите кои ќе се борат за првите четири позиции кои водат во Плеј-Оф.