×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кристијан Златковски најдобар футсал играч во Македонија

    26.12.2014 16:25 | KumanovoNews

     Кумановецот Кристијан Златковски,  фудбалер во ФК Биџо,  прогласен е за најдобар фудбалер во фусал, од Фудбалската федерација на Македонија.

    Кристијан Златковски најдобар футсал играч во Македонија

     Златковски со својот клуб настапува во Првата македонска футсал лига, кој се наоѓа на средината на табелата, а минатата сезона завршиле како четвртопласирани. Златковски тогаш е прогласен за најдобар стрелец во лигата.

    Има многу добри и квалитетни футсал играчи во Македонија. Од друга страна јас имав одлична сезона во која бев најдобар стрелец во домашното првенсто. Веројатно тука некаде е причината поради која ја добив оваа награда - изјави за KumanovoNews, Кристијан Златковски.

    Златковски се занимава со фудбал 8 години.  Прво почнал да тренира голем фудбал во неколку клубови, а  подоцна се фокусира на футсалот, каде целосно се пронаоѓа и веќе трета година успешно настапува во ФК Биџо.

    Кристијан планира да изгради интернационална кариера, а пред тоа да ја зацврсти неговата позиција како репрезентативец на Македонија.

    До сега во рамките на репрезентацијата имам добиено 3 повика и одиграно 6 натпревари. Во март следната година има квалификационен циклус во кој се надевам дека ќе добијам повик, и ќе станам стандарден репрезентативец. Потоа се надевам дека следува и интернационална кариера - додава Златковски.

    Тој смета дека футсалот во Македонија не е на нивото кое го заслужува.

    Куманово имало, и сега има многу квалитетни футсал играчи. Најдобар футсал играч за 2013 година беше Драган Петровиќ кој е од Куманово, а оваа година наградата ја примив јас. Навистина имаме квалитетни футсал играчи и мислам дека не сме пропратени онака како што заслужуваме. Се надевам дека тоа ќе биде променето во блиска иднина - изјави Златковски.

    Како и речиси сите спортови, и првата футсал лига е во зимската пауза, а натпреварите продолжуваат кон крајот на јануари.