Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците од основното училиште “Крсте Мисирков“ освоија 23 медали на државното поединечно првенство за млади пионери во атлетика, кое викендов се оддржа на полигонот на “Наце Буѓони“.
На натпреварот учествуваа ученици до 13 годишна возраст при што основците од “Крсте Мисирков“ постигнаа најдобри резултати.
- Имаме 8 златни, 8 сребрени и 7 бронзени медали. Ние сме најтрофејна екипа на првенството на кое се натпреваруваа околу 130 учесници. Имаше силна конкуренција, имаше врвни клубови од Куманово, Тетово, Скопје - вели менторот Југослав Спасиќ.
Во машка конкуренција наградени се : Марко Ѓуровски со златен медал за трка на 60 м и сребрен медал за штафетна трка на 4 по 60 м, Марко Ѓорѓиевски златен медал за фрлање ѓуле, Давид Атанасовски бронзен медал за фрлање ѓуле, Владимир Стошевски сребро за скок во височина и бронза за штафетна трка на 4 по 60 м, Филип Ивановски бронза за скок во височина, Никола Алексовски сребрен медал за скок во височина и и бронза за штафетна трка на 4 по 60 м, Филип Герасимовски освои сребро за штафетна трка на 4 по 60 м, Мартин Нацевски второ место за истата штафетна трка како и Никола Јакимовски. Кристијан Димевски и Павел Јаневски имаат трето место во штафетна трка.
Од женските награди добија : Михаела Ѓорѓиевска злато за фрлање ѓуле, а Инес Пачковска во истата категорија зема второ место. За скок во височина прво место доби Јована Петровска, а второ Милена Стефановска. Ива Додиќ освои трето место за трка на 60 м. Во штафетни трки злато добија четири ученички и тоа: Јована Петровска, Ана Марија Поповска, Ива Додиќ и Ивана Ничевска.