Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во пресрет на денешниот кошаркарски натпревар, управата на Фени Индустри испрати допис до КК Куманово во информира дека не е во можност да прими гостински навивачи на денешната средба.
Според Фени Индустри, до безбедносни причини не се во можност да ја примат навивачката група Кумани, и замолуваат за почитување на одлуката.
Не ни е јасно во нашата држава дали кошарката се игра за публика или за директорите на клубовите и нивните пријатели. Како и против Карпош СОколи, Кожув, сега и Фени, луѓето од управата несакаат гостински навивачи. Дали се во прашање (како што имаат наведено) безбедносни причини или се љубоморни што на просечен натпревар во Куманово има 3/4000 публика во просек, останува мистерија - стои во коментарот на фејсбук профилот на навивачката група Кумани.