Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Даниел Јаневски од Куманово се закити со вицешампионска титула за 2020 година во државата, откако освои второ место во класата МХ на третата трка од Македонскиот шампионат во мотокрос, кој оваа година се одржа во Битола.
Јаневски е дел од Мотокрос клубот „Гевгелија“, а за неговиот успех вели дека е резултат од редовни тренинзи, соработката со клубот и љубовта кон овој спорт.
„Веќе две години активно се занимавам со овој спорт, претходната година освоив трето место, а оваа година второ. Презадоволен сум и од себе и од клубот, затоа што за постигнатиот успех сме заслужни заедно, а до резултатот секако се доаѓа и со максимални тренинзи кои ги правиме секоја недела“, вели Јаневски.
Тој додава дека на негова иницијатива во моментот Општина Куманово ја разгледува можноста да се направи мотокрос патека, која ќе биде на високо ниво и изработена според високи стандарди, а ќе ја финансира приватна компанија.
(Ф.М.)