×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец за повеќе од милион евра во Болоња

    20.06.2011 13:05 | KumanovoNews

    Одличен трансфер, вреден повеќе од милион евра направи голманот на младинската фудбалска репрезентација Дејан Стојановиќ, чии родители потекнуваат од Куманово а живеат во Австрија.

    Кумановец за повеќе од милион евра во Болоња

    Одкако завршија медицинските тестови можам да кажам дека сум дел од седумкратниот италијански првак Болоња. Конкуренција меѓу диреците ќе ми биде голманот на италијанската репрезентација Емилијано Вивијано, така да ќе бидам втор голман на првата селекција, и прв на младинскиот тим - изјави за медиумите Дејан.

    Иако медиумите шпекулираат за која репрезентација ќе брани, неговиот татко Ацо има јасен став по тоа прашање.

    Тој е решен да ги брани боите на сениорската репрезентација на Македонија и тука нема никакви дилеми - изјави Ацо Стојановиќ кој е поранешен играч на Куманово и Вардар.