Куманово 2009 има слободен викенд
27.02.2015 13:17
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово имаат слободен викенд во рамките на 15 коло од Првата кошаркарска лига.

Оваа пауза може добро да му дојде на Куманово во пресрет на можеби клучниот натпревар во домашното првенство за оваа сезона, натпреварот против Фени Индустри.
Во среда, Куманово и Фени ќе одиграат заостанат натпревар од 14.коло, поради обврските на Куманово во БИБЛ лигата.
Димитар Караџовски пристигна од Фени, меѓутоа тимот од Кавадарци реагираше брзо доведувајки го Брендон Вуд.