Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово загубија на гостувањето од Карпош Соколи со резултат 74-81.
Во реванш натпреварот кој ќе се игра на 24.јануари во Спортската сала, Куманово ќе започне со седум поени негатива во дуелот кој води на завршницата од Купот на Македонија. Натпреварот беше неизвесен, а водството се менуваше дванаесет пати во текот на мечот.
Како и во првиот натпревар меѓу овие два тима, тие беа изедначени, никој не успеја да направи двоцифрена предност а Соколи на крајот беа поумешни и поведоа со 7 поени разлика иако Куманово водеше до средината на последната четвртина.
Дариус Рајс постигна 21 поен во победата на Соколи, а Кристофер Ворен додаде 16 поени. Во тимот на Куманово Луковиќ постигна 32 поени и 16 скока, а капитенот Марјан Јаневски од клупата придодаде 14 поени.
Пред дуелот со Соколи во сабота, кошаркарите во среда ќе одиграат натпревар против тимот на Теодо Тиват во рамките на БИБЛ лигата.