×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово ќе добие нов женски одбојкарски клуб

    27.02.2020 09:45 | KumanovoNews

    Во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ во Куманово, во сабота ќе се одржи промоција на новиот женски одбојкарски клуб „Куманово“.

    Куманово ќе добие нов женски одбојкарски клуб

    На официјалното отворање ќе бидат презентирани идеите и перспективите на клубот, а потоа ќе се одржи турнир каде преку натпревар ученички од основните училишта „Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“, „Вук Караџиќ“ и „Христијан Карпош“ од Куманово, преку дружење ќе ја покажат својата игра на дело.

    Зоран Јосимовски, претседателот на ЖОК Куманово, вели дека Куманово располага со голем број на потенцијални одбојкарки со кои очекувааат во иднина да го формираат првиот тим кој ќе го носи дресот на Куманово, а кој би можел да се натпреварува и во младински и кадетски категории.

    - На самиот почеток сега имаме формирано група која е на возраст од пет до осумнаесет години, средната група којашто ќе ја формираме ќе биде категорија на девојчиња од шесто до осмо одделение, на возраст од единаесет до четиринаесет години. Може да се каже дека е најмасовен спорт, не само во женска туку и во машка категорија, заедно со кошарката, но во женска конкуренција е дефинитивно најмасовен спорт, бидејќи секоја училишна секција брои барем по четириесет девојчиња, а тоа се шест школи по четириесет, односно потенцијални двесте и четириесет одбојкарки на коишто во иднина ќе можеме да рачунаме за првиот тим или можеби за кадетски и младински категории кои ќе се натпреваруваат,- додава Јосимовски.

    Идејата за возобновување на одбојката во Куманово, како што појаснува претседателот на клубот, потекнува од самите ученици.

    - Едноставно, идејата беше реализација на ентузијазмот и желбата на ученичките од основните училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“. Голем дел од нив претходно имале тренирано одбојка, меѓутоа немале клуб во кој ќе можат да продолжат.  Желбата за одбојка и нивниот ентузијазам за повторно покренување и обновување на екипата беше преголем, кој не можеше да се исклучи, да се занемари и да не се спроведе нивната желба за повторно формирање на клуб,- вели тој.