Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во дебито пред домашна публика, кошаркарите на Куманово забележаа битна победа против тимот на Кожув, со резултат 85:75.
Иако е рано да се зборува, вредноста на оваа победа ќе биде позната со пласманот во Супер-лига и пренесување на бодовите од првиот дел од сезоната. Кожув е еден од тимовите со најголем буџет во лигата, ростерот е пополнет со квалитетни шест странски играчи, така да можеме да сметаме дека Куманово во секој случај извојува голема победа во Спортската сала.
За првото полувреме можеме да кажеме дека се беше рамномерно, иако куманово ја имаше преноства во поголемиот дел од мечот. Кумановчани победата ја добија во третиот и четвртиот период, кога успејаа да би добијат четвртините со девет односно четири поени разлика. Конечниот резултат е 85:75.
Кумановската публика очигледно е фасцинирана со игрите на Саша Аврамовиќ кој постигна 20 поени и беше најефикасен во тимот на Куманово. На друга страна, Брчков постигна 21 поен.
Куманово оваа недела има пауза во БИБЛ лигата, па ќе може целосно да се спреми за следниот натпревар следната сабота, против незгодната екипа на Карпош Соколи.