Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Младинската фудбалска школа Куманово Еуроспорт - Вардар на 25ти и 26ти Април ќе учествува на меѓународен турнир Chin Chin Cup 2015 во Србија (Златибор).
На турнирот Еуроспорт - Вардар ќе учествува со две екипи. Првата екипа се играчи родени 2003/2004 година, а втората е генерација од фудбалери родени 2005/2006.
Пријавени се 130 екипи, 24 екипи во една генерација, претставници од 10 држави.
За нас ова е нов предизвик и ни претставува посебно задоволство натпреварот против ФК Партизан од Белград. За краток период,во изминативе 3 месеци ова за нас ќе биде трето по ред учество на меѓународната сцена. Во месец Февруари учествуваме на турнир во Виена Австрија со генерација 2005/2006, го освоивме 6. место, и во Април исто така во Виена Австрија со генерација 2002 2003 го освоивме 4. место во конкуренција со 16 квалитетни екипи од Европа - изјави тренерот на екипата Ивица Јовановски.
Тука не завршуваат настапите на Еуроспорт на меѓународната сцена. Во Мај, екипата оди на турнир во Јагодина, јуни ќе се игра во Ниш а се разгледуваат поканите за учество на турнир во Унгарија и Словенија.
Со засилено темпо се подготвуваме за меѓународната сцена, каде очекуваме нови успеси и достојна презентација на нашиот клуб. Уписите за нови членови се во тек, а освен првенствените натпревари за сите генерации, членовите секој месец учествуваат и на меѓународни турнири - додаде Јовановски.