Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фудбалскиот клуб за млади фудбалери “Куманово Еуроспорт“ наскоро ќе учествува на турнир во Австрија, што ќе претставува меѓународно искуство за кумановските фудбалери.
Одлична вест за нашиот клуб и градот е дека се вложуваат напори да учествуваме на турнир во Австрија, кој за сите нас ќе биде шанса за достојно претставување и стекнување меѓународно искуство. На овој турнир ќе учествуваат менаџери од цела Австрија кои бараат млади, талентирани фудбалери. “Куманово Еуроспорт“ тука не застанува, апетитите за подобри резултати растат секојдневно. Желбата и мотивот кај играчите за напредок е се поголема од тренинг на тренинг, се зголемува и конкуренцијата меѓу нив. Наскоро не очекуваат многу активности, соработки и настани - велат од клубот.
Од таму објаснуваат дека благодарение на соработката со нивниот поранешен играч Иван Јакимовски, кој живее и работи во Австрија, добиле спортска опрема, фудбалски, топки, дресови и друго. Новото раководство предводено од претседателот Александар Маневски, шефот на стручен штаб Борче Стојчевски, тренерот Атанас Неделковски и помошен тренер Кристијан Томиславски , најавуваат финансиска стабилност, која ќе донесе квалитетен играчки и тренерски кадар, како и натпреварувања во поквалитетни лиги на ФФМ. Во 10 годишната историја клубот има освоено прво место во Јуниор Куп, 3-то место во А1 лига, 2-ро место на турнир во Франција, 3-то во Србија и уште многу други значајни резултати во првенството и турнирите низ Македонија.