Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипата на Куманово утре во 19 часот го игра последниот натпревар од втората фаза во БИБЛ лигата. Противник е тимот на Крајова.
Куманово по неуспешниот настап во Купот на Македонија, утре оди на нов фронт каде што ќе се обиде да избори подобар пласман на табелата во групата Ц.
За да Куманово биде прв во групата потребно е да победи на утрешниот меч, а да очекува сензација во Бар, каде што Пеќ треба да загуби од Морнар. Во секој случај, победата против Крајова би имала огромно значење, бидејки тоа би ни донело полесен противник во третата фаза, доколку не го освоиме првото место.
Во групата Д, ситуацијата е доста покомплицирана, и тешко е да се предвиди следниот противник на Куманово. Кожув има две гостувања против Рилски Спортист и Сутјеска, и доколку забележи победи, избива на врвот на табелата.
Доколку Кожув победи барем на еден натпревар, тимот на Сигал Приштина може максимално да биде втор на табелата. За таа позиција ќе треба да се избори против директниот конкурент, Рилски Спортист и да извојува победа во последното коло.
Рилски Спортист е во најнезавидна ситуација, бидејки во среда го пречекува Кожув а следната недела игра против Сигал Приштина. Рилски загуби од Приштина со 23 поени разлика, меѓутоа и му ја нанесе единствениот пораз на Кожув во БИБЛ лигата, што значи дека може да се очекува пореметување на плановите на водечките тимови во групата Д.