Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово забележаа нова победа во БИБЛ лигата одкако беа поуспешни од тимот на Морнар со резулта 92-84.
Тимот од Бар успеја да биде рамноправен противник само во првото полувреме од натпреварот. Играа со 10 кошаркари, и покажаа дисциплина и тактичка спремност на врвно ниво, успевајки со комбинираната одбрана, зонски пресинг, удвојување, борбениот пристап да го натераат Куманово да има 9 загубени топки само во првото полувреме.
Сепак Куманово успеја по паузата од полувреме да направи двоцифрена предност, а во последната четвртина и да ја зголеми разликата на 15 поени, со што беше решен победникот во Спортската сала.
Најефикасен на натпреварот беше Луковиќ со 26 поени и 11 скока, додека Аврамовиќ постигна 19 поени. Кај противникот Колман постигна 21 поен а Корач и Милошевиќ постигнаа 14 поени.
Со оваа победа Куманово осигура Третата фаза во БИБЛ лигата во која најверојатно и ќе го бара местото во полуфиналето. Со победа над Крајова, и пораз на Пеќ од Морнар, Куманово би завршило прво на табелата со што директно би играло полуфинале.
Сепак следна задача пред кумановчани се натпреварите од Купот на Македонија кои ќе се играат овој викенд.
Куманово ќе игра против тимот на Работнички.